Романот ˝ Крпен живот ˝ од Стале Попов е дело-слика,
панорама, историја, живот на македонскиот народ и неговите обичаи. . Во него се дефинира нашиот човек, неговата природа,
нашиот и неговиот историски пат, сите драми на тој пат, но и индивидуалните и
колективните тревоги. многу страници во ˝ Крпен живот ˝ носат во себе богати
етнографски и фолклорни содржини што се добиваат од разновидни датални описи на
материјалниот народен живот, на народните традиции и обичаи. Освен богатите сведбени обичаи, место заземаат и
народните верувања, а тие неразделно се поврзани со обичаите, маѓиите,
соништата и другите форми на народниот живот.
Наизглед тоа е приказна за едно село, зафрлено, далечно и скриено од
светот, а во нејзиното средиште опишан е животот на едно обично селскво
семејство. Но, од друга страна, Крпен живот е и своевидна хроника, многу
поширока слика на мекедонското село од почетокот на минатиот век отколку само на животот во Мариово.
Во
овој роман, кој ќе биде главната драматуршка основа на пиесата Крпен живот,
авторот Стале Попов ја проследува историјата на новосоздадено семејство на Иљко
Сукалов, кој живее во семејна заедница со своите браќа. Toj на својата четирисет годишна возраст останува вдовец, без деца.
Исчекувајќи да поминат три недели од смртта на сопругата, време кое
задолжително треба да помине, за да се добие црковна дозвола за склучување нов
брак, решава да се прежени по секоја цена, речиси за која и да е жена
што сака да се зацрни со човек на негови години. Но, ни одддлеку не е лесно да
се реализира едно такво решение, затоа што мажи самци има на претек, додека
слободни жени не се наоѓаат ни преку десет села. Проблемот сепак ќе го реши
сводникот кој работата ќе ја заврши за добри пари. Така ќе се формира ново
семејство кое ќе живее еден буквално крпен живот: заедница на обичен селски вдовец со
необична, ни селска ни градска вдовица. Нивната приказна се раскажува спокојно, со
многубројни животни детали, со изобилство животни податоци. Дејствието на
романот минува низ секојдневни збиднувања, а во тоа секојдневие луѓето ораат,
сеат, жнеат, вршат, ги полнат и празнат амбарите, го носат житото на мелење, ги
наводнуваат и окопуваат градините, косат, собираат сено, берат сливи, оскоруши,
варат ракија, хранат гуденца, топат маст, собираат дрва, молзат овци, стрижат,
прават сирење, летуваат во бачилата, зимуваат во селото и пак заминуваат кај
овците, слегувајќии само за погреби и празници за да се пресоблечат, да
направат или да крстат дете итн. Притоа луѓето знаат да
бидат и верни и неверни, да гинат за своите блиски, да ги невредуваат до коска, да
прават лоши маѓии за да се отстранат непожелните од куќата или од светот. Иљко
Сукалов, жена му Доста од Рожден, јатрва и Митра, сводникот дедо Петко, старата
вражалка и мегепсница, стариот свештеник, син му Крчо, идната снаа на попот,
Нешка Рожденката и многу други ликови. Меѓу нив има возбудливи конфликти како
меѓу поединци, како што се Доста и Митра, така и меѓу етнички колективитети, ако Македонци и Турци.
Всушност целата фабула на Крпен живот открива една грчевита борба за
егзистенција во која чиовекот се бори со земјата, со времето, со душманите од
секаков вид, често служејќи се со магија, клетва, баење и слично. Драматизацијата на Крпен живот во основа ќе биде витраж од шарени крпчиња душа, кој ќе се составува на сцената низ погреби и крштевки, низ магии и обреди, низ љубов и омраза. . .Секоја сцена ќе почнува со погреб и ќе завршува со погреб, зашто да се живее значи да се крпат спомените меѓу оние што сигурно умреле и оние што секако ќе умрат. Што е животот, ако не она што се помни?
No comments:
Post a Comment