Saturday, June 6, 2015
Главни членови на реченицата
Реченица е збир од повеќе зорови кои се така подредени што даваат една завршена мисла.Реченицата може да биде проста или сложена. Проста реченица е онаа која содржи само еден прирок.Сложена реченица е онаакоја содржи два или повеќе прирока.Главни реченични членови се подметот и прирокот.Прирокот е основачки член и е изразен со глагол во личноглаголска форма (глагол што се менува по лица).Подметот го покажува вршителот на дејството.Може да биде изразен со именка,заменка,придавка или број.
есеј за романот ,,Крпен живот" од Стале Попов
Романот ˝ Крпен живот ˝ од Стале Попов е дело-слика,
панорама, историја, живот на македонскиот народ и неговите обичаи. . Во него се дефинира нашиот човек, неговата природа,
нашиот и неговиот историски пат, сите драми на тој пат, но и индивидуалните и
колективните тревоги. многу страници во ˝ Крпен живот ˝ носат во себе богати
етнографски и фолклорни содржини што се добиваат од разновидни датални описи на
материјалниот народен живот, на народните традиции и обичаи. Освен богатите сведбени обичаи, место заземаат и
народните верувања, а тие неразделно се поврзани со обичаите, маѓиите,
соништата и другите форми на народниот живот.
Наизглед тоа е приказна за едно село, зафрлено, далечно и скриено од
светот, а во нејзиното средиште опишан е животот на едно обично селскво
семејство. Но, од друга страна, Крпен живот е и своевидна хроника, многу
поширока слика на мекедонското село од почетокот на минатиот век отколку само на животот во Мариово.
Во
овој роман, кој ќе биде главната драматуршка основа на пиесата Крпен живот,
авторот Стале Попов ја проследува историјата на новосоздадено семејство на Иљко
Сукалов, кој живее во семејна заедница со своите браќа. Toj на својата четирисет годишна возраст останува вдовец, без деца.
Исчекувајќи да поминат три недели од смртта на сопругата, време кое
задолжително треба да помине, за да се добие црковна дозвола за склучување нов
брак, решава да се прежени по секоја цена, речиси за која и да е жена
што сака да се зацрни со човек на негови години. Но, ни одддлеку не е лесно да
се реализира едно такво решение, затоа што мажи самци има на претек, додека
слободни жени не се наоѓаат ни преку десет села. Проблемот сепак ќе го реши
сводникот кој работата ќе ја заврши за добри пари. Така ќе се формира ново
семејство кое ќе живее еден буквално крпен живот: заедница на обичен селски вдовец со
необична, ни селска ни градска вдовица. Нивната приказна се раскажува спокојно, со
многубројни животни детали, со изобилство животни податоци. Дејствието на
романот минува низ секојдневни збиднувања, а во тоа секојдневие луѓето ораат,
сеат, жнеат, вршат, ги полнат и празнат амбарите, го носат житото на мелење, ги
наводнуваат и окопуваат градините, косат, собираат сено, берат сливи, оскоруши,
варат ракија, хранат гуденца, топат маст, собираат дрва, молзат овци, стрижат,
прават сирење, летуваат во бачилата, зимуваат во селото и пак заминуваат кај
овците, слегувајќии само за погреби и празници за да се пресоблечат, да
направат или да крстат дете итн. Притоа луѓето знаат да
бидат и верни и неверни, да гинат за своите блиски, да ги невредуваат до коска, да
прават лоши маѓии за да се отстранат непожелните од куќата или од светот. Иљко
Сукалов, жена му Доста од Рожден, јатрва и Митра, сводникот дедо Петко, старата
вражалка и мегепсница, стариот свештеник, син му Крчо, идната снаа на попот,
Нешка Рожденката и многу други ликови. Меѓу нив има возбудливи конфликти како
меѓу поединци, како што се Доста и Митра, така и меѓу етнички колективитети, ако Македонци и Турци.
Всушност целата фабула на Крпен живот открива една грчевита борба за
егзистенција во која чиовекот се бори со земјата, со времето, со душманите од
секаков вид, често служејќи се со магија, клетва, баење и слично. Драматизацијата на Крпен живот во основа ќе биде витраж од шарени крпчиња душа, кој ќе се составува на сцената низ погреби и крштевки, низ магии и обреди, низ љубов и омраза. . .Секоја сцена ќе почнува со погреб и ќе завршува со погреб, зашто да се живее значи да се крпат спомените меѓу оние што сигурно умреле и оние што секако ќе умрат. Што е животот, ако не она што се помни?
Tuesday, May 26, 2015
Посакувам среќно детство за сите деца во светот
Детството е кутија исполнета со многу желби и посакувања кои честопати се меѓу границите на фантазијата и реалноста.Сон и желба за секое дете каде и да е во светот да живее слободно,да има топол дом исполнет со љубов и разбирање на сите тие желби со отворено срце му ги посакува на секое дете во светот.Би сакала овие мои соништа да се реалност и секое дете да живее безгрижно и среќно.Секое дете без разлика дали ецрно или бело нахрането или гладно заслужува да живее во топол дом и за секое дете да има безброј исполнети и неисполнети желби и фантазии во некое посебно скриено катче како што е детскиот живот и детскиот недопирлив свет.Детството претставува нешто најчисто кое ќе го почуствува детското срце.Тоа малодушиче н треба и не смее да знае за тага,за глад,и за многу други работи кои се случуваат.Секој детски живот треба д биде исполнет со смеа,радост, со игра и песна,за безброј соништа во кои невозможното станува возможно.
Моите најдобри другарки
-Другарството е кога знаеш дека се луѓето кои можат да ти ги излечат раните и да го искоренат тоа што те мачи,со нивните совети и подршки.Другарството е кога сите најубави спомени ти се со нив .Заедно сме секој божји ден,повеќето од времето го поминувам со нив.Со нив од малечки ножиња по цел ден бевме заедно ,во зелените и меки треви се валкавме и игравме.Со нив ми се поминати најлудите и најинтересните мигови кои секогаш ќе ги помнам.Кога ќе почнеме да се смееме на смеата и нема крај.Заедно го градевме светот на другарството во кој нитуедна мисла ,нема да се изгуби во тој свет на нашите мали тајни,на се она што го знаевме не е себично да го поделиме една со друга,светот на нашето другарство кое трае сеуште под ова наше сино небо.
Monday, May 25, 2015
Современа Драма
Драмски вид во кој авторот прикажува современ настан,мотивиран од секојдневниот живот на луѓето,се вика современа драма.Во неа ги препознаваме нашите сожители со нивните проблеми,размислувања,начин на живеење,говорење и сл...
Subscribe to:
Comments (Atom)