Tuesday, May 26, 2015

Посакувам среќно детство за сите деца во светот

Детството е кутија исполнета со многу желби и посакувања кои честопати се меѓу границите на фантазијата и реалноста.Сон и желба за секое дете каде и да е во светот да живее слободно,да има топол дом исполнет со љубов и разбирање на сите тие желби со отворено срце му ги посакува на секое дете во светот.Би сакала овие мои соништа да се реалност и секое дете да живее безгрижно и среќно.Секое дете без разлика дали ецрно или бело нахрането или гладно заслужува да живее во топол дом и за секое дете да има безброј исполнети и неисполнети желби и фантазии во некое посебно скриено катче како што е детскиот живот и детскиот недопирлив свет.Детството претставува нешто најчисто кое ќе го почуствува детското срце.Тоа малодушиче н треба  и не смее да знае за тага,за глад,и за многу други работи кои се случуваат.Секој детски живот треба д биде исполнет со смеа,радост, со игра и песна,за безброј соништа во кои невозможното станува возможно.

Моите најдобри другарки

-Другарството е кога знаеш дека се луѓето кои можат да ти ги излечат раните и да го искоренат тоа што те мачи,со нивните совети и подршки.Другарството е кога сите најубави спомени ти се со нив .Заедно сме секој божји ден,повеќето од времето го поминувам со нив.Со нив од малечки ножиња по цел ден бевме заедно ,во зелените и меки треви се валкавме и игравме.Со нив ми се поминати најлудите и  најинтересните мигови кои секогаш ќе ги помнам.Кога ќе почнеме да се смееме на смеата и нема крај.Заедно го градевме светот на другарството во кој нитуедна мисла ,нема да се изгуби во тој свет на нашите мали тајни,на се она што го знаевме не е себично да го поделиме една со друга,светот на нашето другарство кое трае сеуште под ова наше сино небо.

Monday, May 25, 2015

Современа Драма

Драмски вид во кој авторот прикажува современ настан,мотивиран од секојдневниот живот на луѓето,се вика современа драма.Во неа ги препознаваме нашите сожители со нивните проблеми,размислувања,начин на живеење,говорење и сл...